Легендарниот бенд “Soft Machine” во Станица 24

Легендарниот бенд “Soft Machine” кој знаедно со “Pink Floyd” ја создаде британската “underground” сцена во шеесетите години доаѓа во Скопје за ексклузивен концерт во Станица 24 на 14ти март среда во Станица 26 со почеток во 21 часот.

Како еден од најоригиналните психоделични бендови “Soft Machine” поставија стандарди за појавата на едни од највлијателните имиња на британскиот прогресивен и џез-рок. Ова ќе биде настан кој ќе се памети!

Билети по цена од 1000 денари. Ексклузивно месецов 3 Гонга нуди специален блок билет за четири концерти Stan Webb's Chicken Shack,Scott Henderson,Soft Machine и Stick Men feat. Tony Levin за цената од само 3000 денари.