Ледени коцки!

Потребно е:

6 јајца
2 пудинга од ванила (може и од лешник)
околу 300 гр шеќер
1 литар млеко
1 маргарин на собна температура
100 гр чоколадо за готвење
околку 100-150 гр брашно
зејтин
2 лажици какао

Подготовка:

Пандишпан:

6 белки се матат посебно со 6 лажици шеќер, потоа се додаваат 6-те жолчки и сè заедно се изработува во цврст снег. Потоа една по една се додаваат 6 лажици брашно. Откако добро ќе измешаме додаваме 3 лажици зејтин и 2 лажици какао. Мешаме да не останат грутки и печиме на 200 степени околку 15 мин.

Готовата изладена кора се прелева со шербет подготвен од 5 лажици шеќер и малку вода.

Фил:

700 мл млеко се става да се стопли со 10 лажици шеќер. Кога ќе биде млако млекото се вади настрана една чаша. 2-та пудинга се мешат со 2 лажици брашно и чашата млеко. Стопленото млеко се трга настрана и се додава смесата со пудингот се меша и се враќа 1-2 мин на тивок оган. Се остава да се излади.  Маргаринот се изработува посебо, а потоа се додава во изладениот пудинг и се изработува заедно. На мене лично ми дојде многу маргарин и за вкус додадов 1 ванила, можете и вие да направите така или да го намалите маргаринот на 150 гр.

Се премачкува кората со филот и се подготвува чоколадната глазура од 6 лажици шеќер, 6 лажици млеко, 1 лажица маргарин и 100 гр чоколадо.

Откако малку ќе се излади се става во фрижидер да се стегне.