„Лебедово езеро“ утре на сцената на МОБ

Балетската класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото „ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО“ – П. И. Чајковски ќе биде прикажана на 30 октомври 2018 со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет.

Ода за моќта на љубовта! Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид.

Во улогaта на Одета / Одилија ќе настапи Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата Принцот Зигфрид: Васил Чичијашвили (Грузија), Ротбарт: Игор Веланоски.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ. Диригент: Бисера Чадловска.

Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.