Леб со ореви и 'ржано брашно

Овој леб е идеален за благи намази, џем, мед, но и за со крем сирење со неутрален вкус.

Состојки:

30 гр свеж квасец
Една и пол лажичка шеќер
250 гр 'ржано брашно
500 гр пченично брашно
Една и пол лажичка сол
500 мл млака вода
Една лажичка вински оцет
4 лажички маслиново масло
100 гр крупно сецкани ореви

Подготовна:

Квасецот растопете го со шеќер и млака вода. Измешајте ги брашната, ставете сол, масло, измешајте, ставете го квасецот, оцетот и додавајте постепено млака вода, додека да добиете нелепливо тесто. 

Напавете топка, оставете да стаса додека да го дуплира волуменот. Поделете го на пола, развлечете го едниот дел, посипете со ореви и преклопете. Формирајте векна. Направете го истото и со другиот дел. 

Оставете векните да нараснат, па печете во загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути.