Леб од четири состојки кој ќе ви помогне во одржување на телесната тежина

Ако спаѓате во групата луѓе кои многу тешко можат да се откажат од лебот, имаме одлични вести за вас.

Овој леб има само многу малку калории (1 кришка  - 60 калории), а потребни ви се само четири состојки за негова подготовка. Тој содржи само 1 грам јаглени хидрати.

Потребни состојки:

4 белки

50 гр сирење

¼ лажица лимонов сок

Масло

Начин на подготовка:

Белките се мешаат со лимоновиот сок, а потоа се додава сирење (или јогурт како негова замена). Крајниот резултат треба да наликува на смеса за палачинки која потоа во кругови се нанесува на плех и се пече 30 минути на температура од 150 степени.