Ако спаѓате во групата луѓе кои многу тешко можат да се откажат од лебот, имаме одлични вести за вас.
Овој леб има само многу малку калории (1 кришка - 60 калории), а потребни ви се само четири состојки за негова подготовка. Тој содржи само 1 грам јаглени хидрати.
Потребни состојки:
4 белки
50 гр сирење
¼ лажица лимонов сок
Масло
Начин на подготовка:
Белките се мешаат со лимоновиот сок, а потоа се додава сирење (или јогурт како негова замена). Крајниот резултат треба да наликува на смеса за палачинки која потоа во кругови се нанесува на плех и се пече 30 минути на температура од 150 степени.