ЛДП бара забрана на Тик Ток и регулирање на социјалните мрежи

Либерално демократската партија бара забрана на Тик Ток и регулирање на користењето на социјалните мрежи од страна на малолетниците. Ваквото барање тие го темелат по повод немилите настани во соседна Србија.

„Потсетуваме на предлогот кој уште во 2023 го доставивме до МОН веднаш по немилите настани во соседна Србија, со кој бараме контрола на содржината која се емитува на социјалните мрежи, како и забрана на содржини кои поттикнуваат насилство. Повикуваме на итно воведување мерки за забрана на оние кои поттикнуваат насилство и саморазорувачко однесување, зголемување на надзорот и воведување санкции за платформи со опасни содржини достапни за малолетници. Да не дозволиме уште едно дете да биде жртва на опасностите од злоупотребата на социјалните мрежи!“, се вели во соопштението на ЛДП.