Лазороска - таму каде што припаѓам, таму каде што пораснав

Безгрижното детство, чувството на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа е изразено во првата фото-монографијата „Лазороска“, плод на острото око и искусните прсти на фотографот на Канон генерацијата во земјава, Игор Цветковски.

Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фото-монографијата на Цветковски го документира чувство на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа. “Низ 100 страни и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот.

Овој начин на самоизразување го прикажува мојот восхит од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фото-монографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направен во периодот на Ковид пандемијата во Лазарополе.” – вели Игор Цветковски, автор на првата фото-монографија „Лазороска“.

Монографијата започнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе. Дело, низ кое може да се види тишината и чуе звукот на природата низ заживеаната песна „Лазороска“ на млалдиот композитор Мартин Данчев, во дип хаус преработка.

Промоцијата на фото-монографијата и изложбата ќе бидат во Мала Станица на 6 април 2023 година, со почеток од 19:30 часот.