Лажно пријавил дека го киднапирале повеќе лица под закана со оружје - стружанец ќе одговара кривично

Стружанец доби кривична пријава откако полицијата утврдила дека лажно пријавил дека бил грабнат од повеќе лица, кои наводно му се заканувале со огнено оружје.

Како што информираат од МВР, ОВР Струга поднело кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.

Имено, на 17 август 2026 година, К.Р. во ОВР Струга пријавил дека во Струга бил жртва на грабнување од повеќе лица, при што, според неговата пријава, му се заканувале со огнено оружје.

По преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека пријавата била лажна. К.Р. бил повикан на службен разговор, при што признал дека лажно пријавил кривично дело.