Лажни профили со името ЕВН, компанијата ги предупредува граѓаните

Компанијата „ЕВН Македонија“ соопшти дека во последно време се појавуваат профили на социјалните мрежи во кои се користи името на ЕВН и укажува дека тие профили се лажни и содржините кои се наоѓаат на нив се злоупотреба и измама.

- Затоа ЕВН презеде соодветни мерки за затворање на таквите профили, се наведува во соопштението. 

Од „ЕВН Македонија“ велат дека компанијата нема свој профил на социјалните мрежи, а доколку постави, навреме ќе ги информира корисниците.

Компанијата ги советува граѓаните да не оставаат лични податоци на лажните профили бидејќи тие може да бидат злоупотребени.

Апелираат ако во иднина граѓаните добијат покана да следат вакви и слични профили, да ги игнорираат и да информираат во контакт-центарот на ЕВН, на телефон +389 2 3205 000 или 0890 88888 или е-пошта: info@evn.mk.