Лажна тревога за бомба на Партизанска, полицијата пронашла само две ваги

Заврши полициската акција на булеварот „Партизански одреди“ спроти Универзална сала во Скопје.

Полицијата, по дојавата за бомба спровела акција во која биле најдени две ваги за на пазар, а едната од нив зуела, изјавил за Канал 5 портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Сега булеварот е пуштен за сообраќај, а бомбата била пријавена во близина на популарното собиралиште на младите, каде што има неколку кафулиња и пекарница.