Лажна објава за инцидент во ЈСП ги вознемири граѓаните

Корисниците на социјалните мрежи денеска беа вознемирени од објава на социјалните мрежи во која се пишува за инцидент во автобус на ЈСП, во кој наводно имало 30 повредени.

Тргнувајќи по трагата на Фејсбук статусот, се обидовме да откриеме за што се работи, и се испостави дека се работи за класична дезинформација. Ваков инцидент нема пријавено во МВР, а и од ЈСП потврдија за Република дека се работи за лажна информација.

-Нема никаква пријава за инцидент во автобус, ниту пак пријава за повредени во автобус – ни изјавија од МВР.

Со свој став излегоа и од ЈСП.

– Се работи  за класична дезинформација, шпекулација. Внатрешната контрола секојдневно е на терен и за вакви и слични ситуации има информација небаре во истата секунда. ЈСП Скопје ќе поднесе пријава до МВР против дечкото на чиј профил е објавен лажниот статус -нагласуваат од ЈСП за Република.