Лажна е веста дека дете починало од рaсфрлан отров во Аеродром - паника на социјалните мрежи

Лажна вест ги вознемири родителите, а надлежните смируваат дека нема простор за паника. 

И покрај многубројните апели, расфрлување на отров, како решение за спас ос кучињата станува секојдневие во Скопје. 

Во текот на вчерашниот ден, објавата дека дете се затруло од расфрлан отров во парк во Аеродром и дека се бори на скопските склиники видно ги вознемири родителите. Подоцна излезе вест и дека детето починало. 

Во коментари граѓаните појаснуваа за каков отров станува збор и како дошло до труењето.

Меѓутоа, простор за паника нема. Таквата вест, како што ни потврдија од детската клиника, е лажна.

– Тоа е комплетна дезинформација, не е вистина. На нашата клиника нема ниту такво дете примено, ниту пак умрело – вели директорката на детска клиника, Катерина Ставрич, во изјава за „Слободен печат“.