
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 03.06.2026 пријавениот измамил жена од Пробиштип, претставувајќи се како лекар, кој наводно требало да направи интервенција на нејзината внука за лажна тешка телесна повреда при пад.
Притоа, од жената зел сума од 2.500 евра.