Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера (07.01.2026) во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари, информираат денеска од МВР.

Како што се посочува во соопштението, според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки.

Како што е пријавено, лицето ѝ ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однела на договореното место. Исто така, подоцна во нејзиниот дом дошла нејзината внука и заедно ја контакриле нејзината сестра, при што сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за проаноѓање на сторителот и за расчистување на случајот, додаваат од МВР.