
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров им честиташе на Холанѓаните по победата над нашата репрезентација со 37-32, но изјава за новинарите отворено внимаваше да не ги обвини судиите.
„Мечот излезе тотално вон контрола. Личеше на се, само не на еден меч од Мундијал, на официјален меч на Светско првенство. Колку и да не сакам да зборувам, да се правдам поради нешто, но да имате дванаесет пенали, мислам дека колку и да е подобар противникот и да дојде до такви ситуации, сепак, дванаесет пенали еден тим да има, и да имаме толкав број на исклучувања, тешко како тренер, да го водите тимот против тоа. Ние имаме речиси дваесет минути со играч помалку. Тешко е да ги браниш со оглед на нивната игра, шест на шест, а не пак со играч помалку. Тоа е стратегија, да бидеме со играч помалку“, коментираше за македонските новинари нашиот селектор.
Лазаров е горд на борбеноста на македонските репрезентативци и порача дека се подготвувааѕ за натпреварот со Гвинеја.