Лазаров испиша нова ракометна историја: Прв играч на Ф4 со четири различни клубови

Кире Лазаров е првиот ракометар во историјата на Лигата на шампиони што се пласирал на завршниот турнир со четири различни екипи.

Македонскиот ракометар денеска успеа со Нант да стигне до завршницата во Келн, а претходно тоа му успеваше со шпанските гиганти Барселона, Сиудад Реал и Атлетико Мадрид.

Нант работата против Скјерн ја заврши на домашен терен, кога славеше со шест голови разлика (33-27), а на реваншот денеска одигра нерешено 27-27.