Лазаров ги избра ракометарите со кои ќе ја нападне Португалија

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 19 часот ќе се соочи против Португалија во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година.

Натпреварот се игра во салата „Борис Трајковски“, а селекторот Кире Лазаров ги избра ракометарите со кои ќе се обиде да ја надмудри Португалија.

Лазаров за мечот ги повика Никола Митревски, Мартин Велковски, Цветан Кузмановски, Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Мартин Томовски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Петар Атанасиевиќ, Мартин Серафимов, Костадин Петров, Марко Мишевски.