Ламбе за палењето на клубот: Никој не знаеше, дури ни сопругата, па не веруваа дека сум јас

Пејачот Ламбе Алабаковски кој ја шокираше јавноста со својот патриотски чин откако се врати од Америка, во интервју за Репортер, раскажа за мотивите за делото, апсењето и деновите поминати во затвор.

- Спонтано и трезвено го направив тоа, но ете, иако сум мирен и не сум насилен човек, и кај мене излегоа тие родољубиви чувства оти сметам дека на тој клуб местото не му беше таму. Никој не знаеше за ова, ни сопругата, па дури и кога ги прегледуваа камерите, не им се веруваше дека сум јас, искрено раскажа Ламбе. 

За деновите минати во затвор, приказната ја сврте малку и на шега, иако вели:

-Во самица најмногу размислуваш што си направил и колку ти недостига семејството.

Ламбе вели и дека кога влегор во затворот тамошните притвореници, неговите цимери, мислеле дека станува збор за скриена камера. 

Инаку пејачот беше во притворското Одделение на Казнено-поправната установа Затвор – Битола, по што беше пуштен во домашен притвор.