Лаките, излетничко место во Македонија кое мора да се посети – природна убавина на секоја страна

Лаките е една од попознатите пикник локации во Битолскиот дел на Мариово.

Одличната клима, живописната природа и чистата река Белица (Бела Река) која тече во непосредна близина овозможуваат незаборавно искуство при посетата на ова место, пишува порталот ИтарПејо.

За жал како и многу други локации во Мариово, оваа локација е достапна само со теренско возило и се препорачува пред тргнување на пат, добро да се проучи трасата, затоа што посетителите лесно можат да се изгубат по големиот број планински патишта.

Доколку немате теренско возило, а сакате да ја посетите оваа локација или пак некоја друга локација во Мариово, можите да изнајмите Џип Такси.