„Лајка“ заловува скитници низ повеќе урбани скопски општини

Екипите на „Лајка“ во текот на изминатата недела спроведоа теренски активности за заловување и третман на бездомни кучиња на повеќе локации низ Скопје.

- Акциите беа реализирани на територијата на општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари и Центар, согласно пријавите од граѓаните и проценките направени на терен, информираа од јавното претпријатие. 

Од ЈП „Лајка“ апелираат граѓаните и понатаму да пријавуваат нетретирани бездомни кучиња кои немаат ушна маркица, на телефонскиот број 071/219-925 или на електронската адреса info@lajka.com.mk.