„Лајка“ стерилизираше 114 кучиња во април

ЈП „Лајка“ информира дека минатиот месец хуманиот третман го поминале 114 кучиња, откако 100 од нив биле заловени од  нивни екипи, а 14 биле донесени од граѓани.

-Среќно се вдомија 25 кучиња, а 65 беа вратени на матичната локација. За жал, угинаа 2 кучиња кои беа во поодмината возраст и во лоша здраствена состојба, и покрај сите вложени напори од ветеринарниот тим, соопштија од претпријатието.

Во април, „Лајка“ заловуваше стратешки во Општина Гази Баба, Општина Кисела Вода, Општина Аеродром, Општина Центар, а интервентно делуваше во останатите скопски општини.