Јавното претпријатие Лајка на својот фејсбук профил постојано објавува повици за вдомување на бездомните кучиња кои живеат во нивниот стационар.
Во пресрет на празникот на љубовта - 14. февруари Лајка со интересни фотографии од кучињата бара дом за нив преку предлог кучето да биде празничен подарок.
- Овој Валентајн, да и подариме нов дом на Лиса-некаде каде што љубовта и сигурноста ќе бидат нејзини засекогаш. Лиса има 3 години и првата година од својот живот веруваше дека има дом полн со љубов што никогаш нема да го изгуби. Но, за жал, нејзините сопственици ја оставија, и сега таа бара втора шанса. Шанса за нов животен сопатник, кој ќе ја сака и ќе ја чува како што таа заслужува. Енергична, мила и игрива—Лиса е подготвена да ја подели својата љубов со некого кој ќе ја направи дел од своето срце, се наведува во една од многуте објави на Лајка.
Инаку минатиот месец, јануари, во ЈП Лајка хуманиот третман го поминаа 55 кучиња, 44 од нив беа заловени од заловувачки тимови, а 11 беа донесени од граѓани. Среќно се вдомија 9 кучиња, а 44 беа вратени на матичната локација.
Доколу сакате да вдомите крзнен пријател разгледајте ја фејсбук станицата на Лајка.