Лајка: Се вдомува Лиса - микс од лабрадор

Се вдомува ЛИСА.

Микс од лабрадор, има 2 години и е среден раст. Бараме дом каде ќе биде чувана како дел од семејството.

Ги има поминато комплетно сите третмани. Има уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода.

ЛИСА ја добивате со пасош, прочистена од внатрешни и надворешни паразити, стерилизирана, чипирана, вакцинирана против беснило и заразни болести, избањата и со стекнати хигиенски навики.

Вдоми куче, вдоми љубов.

За подетални информации и прашалник за вдомување можете да пишете на vdomi@lajka.com.mk