Скопското претпријатие за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња „Лајка“ со апел до сите љубители на животни.
- Има ли подобар начин за поминување на празниците од вдомување на крзнен пријател? Во Лајка имаме многу кучиња кои едвај чекаат да ви ја преуредат новогодишната елка - се наведува во нивниот апел.
Од Лајка споделија фотографии од дел од милениците кои чекаат вдомување.
- Само дел од нив се овие, пишете ни и разубавете ги празниците со вдомување на бездомно куче, велат од претпријатието.