Лајка: Ема бара дом - чипирана, вакцинирана и со стекнати хигиенски навики

Од ЈП Лајка на својата Фејсбук страна секојдневно објавуваат дека некое куче бара дом и љубов.

Овие кучиња се заловени од улица, кои подоцна добиваат секаков потребен третман. 

Се вдомува Ема.

Мал раст и е идеална за чување во стан. Има 2 години и нестрпливо го чека својот вдомувач и топол дом.

Ема ги има поминато комплетно сите третмани. Има уредна крвна слика, негативен 4D тест и негативен тест на лишманија по акредитирана метода.

Ема ја добивате со пасош, прочистена од внатрешни и надворешни паразити, чипирана, вакцинирана против беснило и заразни болести, избањата и со стекнати хигиенски навики.

Вдоми куче, вдоми љубов.

За подетални информации и прашалник за вдомување можете да пишете на vdomi@lajka.com.mk