Ладно пиво и добра музика - Пиволенд на скопско Кале

Десетото јубилејно издание на фестивалот „Пиволенд“ традиционално ќе се одржи од 7 до 12 август на скопското Кале, а градот Скопје за оваа манифестација издвои 600. 000 денари. На денешната прес-конференција по повод скопскиот „Пиволенд“ се обрати градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, кој истакна дека на оваа манифестација ќе настапат „САФ“, „Ван Гог“, диџеј Џваре, „Саут Парк“ и други.

Со започнувањето на „Пиволенд“ градоначалникот најави и забава на скопските улици, како дел од „Супер Скопје“. „Сакам да напоменам дека со одржувањето на Пиволенд, започнува големата летна забава Супер Скопје, која ќе се одржи на повеќе локации во градот. На 18 и 19 август ќе се одржи покрај кафулињата на кејот, 25 и 26 август во скопската чаршија,  на 1 и 2 септември  на улица Македонија и на 8 и 9 септември на Боемската улица.

При тоа на сите овие четири локации на летната забава, која ќе се започнува во петок навечер и ќе заврши во сабота навечер, граѓаните на Скопје и посетителите ќе имаат можност да уживаат во добра музика, но сега за сега не би можел да ви кажам кој се ќе настапи и на која локација, бидејќи се уште траат преговорите со музичките изведувачи и диџеите. Сметам дека овој начин на организирање на забава во Скопје ќе биде традиционален и дека од наредната година ќе биде поинаку, со оглед на тоа што порано ќе го организираме за сите оние граѓани кои во текот на летото ќе останат во Скопје“ – изјави градоначаникот.

Во однос на претстојниот Супер куп на УЕФА, градоначалникот очекува над 20.000 посетители и истакна дека се исполнети сите барања од европската фудбалска федерација за овој настан. Меѓу другото, тој истакна дека е остварена соработка со сите јавни претпријатија за подигнување на хигиената во градот, со цел да се остави впечаток дека Скопје е идеален домаќин и дека во иднина ќе привлече поголем број туристи.

Оваа прилика градоначалникот Трајановски ја искористи повторно да упати апел до скопските хотелиери за да ги намалат цените, а во однос на очекувањата истакна: „Очекувањата се големи. Ние сме во преговори со кафулињата и рестораните кои треба да пружат квалитетни услуги бидејќи целта не ни е посетителите само да дојдат, да гледаат фудбал и да си одат. Очекуваме над 20. 000 навивачи да го посетат Скопје.

При тоа сакам да истакнам дека настана една состојба кога хотелите ги дигнаа цените, па мојот апел беше неколку пати, а  еве и сега да побарам цените да бидат понормални,  за да можеме да оставиме добар впечаток во Европа и да привлечеме што поголем број навивачи да спијат во Скопје, а не во соседните градови или држави“.

nike air max 1 sale