Лабудовиќ: Се обврзувам дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчистам Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ ветува дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчисти Центар.

„Се обврзувам дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчистам Центар. Ќе ги измиеме сите улици и тротоари и ќе ја отстраниме непријатната миризба. Ќе ги исчистиме сите паркови, детски игралишта, зелени површини, вели Лабудовиќ.

Тој истакна дека сакал центарци да се одморат и да се релаксираат во чиста средина.

„Нема да ги заобиколиме ниту мини дивите депонии што се честа слика во нашата општина. Ќе ги исчистиме сите заборавени ќошиња и простори. Центар мора да биде чист!“ порача Лабудовиќ.