„Лабубу“ - скапа тренд играчка им отвора нови главоболки на родителите

„Лабубу“ - играчката која стана голем светски тренд не ја одмина ниту Македонија. Скапата играчка, која може да се најде како преврзок, како плишано мече или спакувано како изнанедување во кутија, нова главоболка за родителите. Децата „полудеа“ да ја имаат најновата тренд-играчка, но родителите на мисла. Освен цената, има предупредувања и дека оваа кукла не е баш безопасна. 

Цените се движат околу 10 евра па нагоре, додека приврзоците се поевтини, а има различни модели. Некои од најскапите примероци на светско ниво на eBay се продаваат за илјада долари, а некои дури достигнуваат и до 7.000 долари за ограничени изданија. 

Но, за „лабубу“, слично како и пред некоја година за „Хаги Ваги“, има предупредувања. 

- Иако станува збор за дизајнерски предмет, станува збор за чудно пластично суштество со остри заби кое потекува од сатанистички ритуали, а на Интернет се појавуваат и видеа од хорор ритуали со оваа кукла кои децата ќе сакаат да ги погледнат, гласат предупредувањата на социјалните мрежи. 

- Куклата „лаабубу“, за која се смета дека е со магија, стана вирална низ целиот свет, но луѓето кои ја купуваат оваа кукла доживеале чуда и грижи од најразлични видови, се наведува во објавата која ја сподели и една православна Инстаграм страница во земјава. 

Зад слатките и навидум безопасни играчки што децата ги обожаваат, често стојат сериозни маркетиншки стратегии и бизниси вредни милијарди евра.