КВАРТОВИ ИЗОЛИРАНИ ОД ДНЕВНАТА ВРЕВА И ЗАГАДУВАЊЕ: Живот во елитен стан или куќи во Скопје

Живеењето во квартови изолирани од дневната врева и загадување не е новина и во Македонија. Да се живее во една таква елитна населба во Скопје претставува престиж и значи да се покаже дека се има пари бидејќи луксузот што се нуди, чини. 

Од 1.200 до 1.400 евра за квадрат треба да се плати за да се купи убава куќа во Скопје. Дури и за помалку пари може да се најде луксузен индивидуален станбен објект, во зависност од тоа во кој дел од градот се наоѓа. Но, затоа, пак, не се знае колку чинат индивидуалните куќи или станови во елитните населби од затворен тип и кој се живее таму.

Од скоспките агенции велат дека граѓаните повеќе бараат станови во елитни објекти отколку куќи и тоа најмногу сакаат становите да бидат на пониските катови, а не на повисоките, како што е практика во светот и каде што тие станови се и најскапи.

Освен Водно, елитните населби кои се во околината на Скопје се соочуват со сообраќајни проблеми. Факт е дека поврзаноста на овие населби со централното подрачје не е на завидно ниво и тоа има влијание врз интересот, па дури можеби и на цената.

Слабиот квалитет на патната инфраструктура, како и немањето добра сообраќајна врска е сосема спротивно од високата удобност и современите придобивки што ги нуди самиот комплекс, па не ретко ги одвраќа купувачите.

И во Софија, на пример, веќе неколку години е во тренд купувањето станови, апартмани или куќи во елитни населби од затворен тип. Таму моментно се многу барани индивидуални куќи со сопствен двор во квартовите околу градот. Интересот за овие објекти во Софија е таков што инвеститорите се принудени да ги селектираат купувачите и да ги ограничуваат договорите до најмногу 20 отсто од сите станови за да се задржи концептот на заедница меѓу жителите на комплексот.

Побарувачката двојно ја надминува понудата, а најчести купувачи се менаџери на високи позиции како во домашни, бугарски, така и во странски компании.