Куршум во двор во Стајковци - Стигнала пријава до полицијата

Маж од Стајковци пронашол заталкано зрно од огнено оружје во својот двор во Стајковци. Случајот е пријавен во полиција, 

Според пријавата што пристигната во полицијата вчера во 15:42 часот во СВР Скопје, Б.С.(68) од село.Стајковци, скопско, пријавил дека во дворот од куќата пронашол заталкано зрно од огнено оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.