Куршум оштетил прозорец од стан во една скопска населба

Куршум оштетил прозорец од стан во една скопска населба. 

На 03.08.2022 во 22.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.О.(41) од Скопје пријавила дека од залутано зрно бил оштетен прозорец од нејзиниот стан на подрачјето на Ѓорче Петров, информираа од МВР. 

Увид извршила екипа од СВР Скопје, која го подигнала зрното за понатамошна постапка.