Курир во „Аеродроми Македонија“ ќе зема 500 евра плата

Акционерското друштво „Аеродроми на Македонија” објави оглас за пополнување на пет работни места ,за кои плаќа основни плати од 32.204 до 39.297 денари.

Ќе се вработат шеф на кабинет, самостоен референт за маркетинг, самостоен референт за контрола на документација за набавки и продажба, возач и курир.

За работното место „шеф на кабинет“, кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да има завршено ВСС, 2 години работно искуство, познавање англиски јазик, работа со компјутери. Паричниот износ на основната нето плата за работното место е 39. 297денари.

Извршителот на работното место „самостоен референт за маркетинг“, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: завршено ВСС, 2 години работно искуство. Основната нето плата за работното место е 39.297денари.

Кандидатот за работното место „самостоен референт за контрола на документација за набавки и продажба“, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: завршено ВСС, 2 години работно искуство. Основната нето плата за ова работно место е 39.297денари.

„Аеродроми на Македонија“ ќе вработи и еден „возач“, за кој покрај општите услови утврдени со закон, кандидатот треба да има завршено ССС, 1 година рабогно искуство, возачка дозвола Б категорија. За ова работно место основната нето плата за работното место е 32. 204 денари.

Друштвото има потреба и од еден „курир“, кој треба да ги исполнува општите услови утврдени со закон, но и да има средна стручна подготовка, возачка дозвола Б категорија, без работно искуство. Основната плата за ова работно место е 32.204 денари.

Сите работни места се со полно работно време – 40 часа неделно, 8 часа дневно – административно флексибилно работно време, а огласот е отворен до 12 февруари.