Курир: Поплавите во Скопје однесоа неколку човечки животи

Извори од институциите кои се на терен потврдија дека катастрофалните поплави предизвикаа човечки жртви. Неофицијално, се работи за неколкумина жртви, пред неколку минути објави Курир.

Истите извори за Курир велат дека вакви катастрофични сцени се немаат забележано во Скопје. Од обилните врнежи кои паѓаа интензивно подолг период буквално се создаваа реки кои носеа се пред себе во околината на Скопје.

Силата на ударот на природната непогода бил толку силен што десетици возила зафатени од невремето буквално биле истуркани од водниот бран и пловеле дури и по неколку стотици метри.

Во моментов е најкритични во скопско Стајковци. Таму се ангажирани речиси сите можни единици кои можат да помогнат во спасувањето на загрозените жители, за згрижување на тие чии домови се уништени, како и за пружање лекарска помош на сите што им е потребна.