Купувајте во Веро и освојте пежо 208

„Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“ е големата наградна игра на Веро во која потрошувачите имаат шанса да освојат многу вредни награди секоја недела, како и две главни награди - автомобил пежо 208 и скутер хамачи.  

Наградната игра почна на 15 јуни и ќе трае до 31 јули. Покрај најпривлечните главни награди, Веро обезбеди и многу богат фонд на неделни награди како што се тротинети, велосипеди, рачни часовници и голем број вредносни ваучери.  

Правилата на наградната игра се многу едноставни. За секоја сметка над 300 денари од означените промотивни производи во Веро маркетите, потрошувачите добиваат купон кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во специјално означените кутии во секој маркет. Со тоа учествуваат во неделните извлекувања на награди кога се доделуваат по еден тротинет, два велосипеда, 5 часовници касио, пет вредносни ваучери од 2.000 денари и пет ваучери од 1.000 денари. Неделните извлекувања на наградите ќе се одржат на 27 јуни, 4 јули, 11 јули, 18 јули, 25 јули и 1 август.

Сите неизвлечени купони за неделните награди учествуваат во главното извлекување што ќе се одржи на 1 август, кога покрај добитниците на неделните награди ќе се дознаат и имињата на најсреќните двајца добитници на пежо 208 и скутер хамачи.

Добитниците на неделните награди и на двете главни награди ќе бидат објавени на интернет-страницата на Веро www.vero.com.mk. Наградите ќе може да се подигнат само со приложување на фискалната сметка со која потрошувачите учествувале во наградната игра, затоа сите учесници треба да ги чуваат фискалните сметки до крајот на наградната игра.