Пациентите преку ден внимаваат да не ги касне куче, а ноќе не спијат од нивното лаење. Осумте илјади пациенти и вработени колку што во просек се смета дека влегуваат во Клиничкиот центар, постојано се поплакуваат поради неуредноста, нехигиената и сообраќајниот хаос во неговиот круг, пренесува Тв21.

Пред четири години, во времето кога министер за здравство беше Никола Тодоров, надлежностите  за паркингот и хигиената беа одземени од  Службата за општи и заеднички работи. Директорката Шкодране Дардишта вели дека уште од 2007, на оваа институција и биле одземени и услугите за во кујната и перењето.

„Секако дека постои таква служба, која ги дава сите услуги на клиниките, тогаш зошто треба да се скратат или да и се земат надлежностите на оваа служба“, рече Дардишта.

Нехигиената во државната болница е дури и влошена во последно време, откако изминал договорот со приватна компанија за одржување на надворешните површини. Дардишта вели дека доколку средствата на клиниките кои ѝ биле исплатени на приватната компанија, се акумулирале во нејзината институција, ќе имало доволно за потребите на клиниките.

„Министерството за здравство го објави тендерот и склучи договор со компанијата Стед Комерц. Јас никогаш не сум го видела договорот, но од директорите на клиничкиот центар, слушнав дека некаде околу 30.000 денари месечно, се плаќани за услугите кои ги вршеле. За тие четири години, во текот на кои раководеше компанијата Стед Комерц, клиниките биле делумно задоволни иако имаше потреба секогаш, нашата институција да се грижи исто така. И покрај ангажираната компанија и ние цело време помагавме во организираните акциите како и во секојдневното одржување“, вели Дардишта.

Дардишта вели дека во тек е постапката институцијата со која раководи да ги добие назад одземените надлежности.  Но додава и дека ќе бидат потребни повеќе вработени, за што чека одговор од Министерството за финансии. Додека тие се договорат, за да не ги покрие отпадот, таа за оваа сабота повика на заедничка акција за чистење на целата Универзитетска клиника.