Купишта ѓубре стојат расфрлани на ул. Фрањо Клуз во Аеродром (фото)

Хигиената во Скопје е болна тема за жителите и е постојано на мета на критики, а сликите од секојдневнието во целост ги оправдуваат поплаките. Доказ за ова е и состојбата на локација кај ул. Фрањо Клуз во Аеродром, каде како што може да се види на фотографиите објавени на социјалните мрежи, купишта расфрлано ѓубре стои на отворено, како што сведочат жителите, веќе со месеци.

Oва се слики од Фрањо Клуз во Аеродром кои веќе неколку месеци се наше секојдневние, се жали жителка на околните згради.