Купишта ѓубре расфрлани во Хром, населбата тоне во отпад

Купишта расфрлано губре, општината тоне во отпад. Ваква слика секојдневно забележуваат граѓаните во скопската населба Хром. На само неколку чекори и во непосредна близина на основното училиште улиците и тротоарите се поставени контејнери кои се преплавени со ѓубре.

Пост со ваква содржина и видео беше споделен вчера во фејсбук групата „Не биди ѓубре“. Граѓаните во коментари уште еднаш ги потсетија градоначалниците дека градот не се чисти само пред избори.

„Еден контејнер плус на оваа локација и проблемот е решен“ и „ Да ги потсетиме Александар Наумоски и Петре Шилегов дека избори има на 4 години баш од вакви причини. Ќе замижуваме на проблемите или ќе ги решаваме“, се дел од коментарите под објавата.