Куна причина за вчерашното помрачување на Скопје

Куната што вчеравечер околу 20:30 часот влегла низ отворот на вентилација во киловолтната трафостаница Козле, ја предизвикала кусата врска што го помрачи половина Скопје. Тоа предизвикало пад на системот за електирчна енергија, па без електрично напојување остнаа дел од населбите Карпош, Тафталиџе, делови од Жданец и Козле, одредени корисници од населбата Капиштец, како и корисниците на Водно. Не светеше ниту Милениумскиот крст.

Од ЕВН Македонија информират дека нивните екипи веднаш излегле на терен и интервенирале во системот, по што дел од корисниците веднаш добиле електрична енергија. Останатите корисници без електрична енергија останаа неколку часа.

Без електрична енергија остана и Драмскиот театар, но публиката ја осветли салата со своите мобилни телефони и помогна актерската екипа до крај да ја изведе претставата „Живот во тесни чевли“.

Сличен дефкект во Скопје имаше во мај минатата година, кога исто така куна влезе во трафостаницата во Козле и без струја останаа корисниците од истите населби.