Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 35-годишна мајка од Куманово, 01.06.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници затекнале двете деца на пријавената на возраст од 12 и 14 години, кои таа претходно ги оставила да питачат.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Б.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 01.06.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници затекнале двете деца на пријавената на возраст од 12 и 14 години, кои таа претходно ги оставила да питачат“, се наведува во полицискиот билтен.