Кумановец загина во тракторска несреќа

Кумановец почина во несреќа со трактор. 

На 10.11.2022 околу 21.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека во с.Пелинце, кумановско, на место викано „Искра“ во „Пчинска Река“, Р.И.(67) од с.Пелинце, додека управувал трактор „Фергусон 539“, се превртел и починал на местото на несреќата, соопшти полицијата. 

Лекар констатирал смрт, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.