
Дваесет и едногодишен жител на Куманово е приведен откако не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а потоа агресивно се однесувал и ги попречувал во извршувањето на службените дејствија.
Како што информираат од МВР, вчера во 23:50 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Ј.С. (21) од Куманово. Претходно, управувајќи мотоцикл, тој не постапил по наредбата за запирање од полицијата.
По преземени мерки, полицајците го пронашле Ј.С. заедно со мотоциклот на бензинска пумпа во Куманово. При интервенцијата тој се однесувал агресивно и ги попречувал службените лица во вршењето на нивните задачи.
Лицето било приведено во полициска станица, а мотоциклот бил одземен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.