Кумановец останал без пари и без услуга откако бил измамен од свој сограѓанин

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.В. (36) од Куманово. Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на август 2024 година, пријавениот му понудил на лице од Куманово да му го води спорот со странска осигурителна компанија, а откако се договориле, во два наврати му земал вкупно 1.700 долари, но договореното не го исполнил.