Кумановец ја силувал поранешната сопруга и објавувал експлицитни содржини на интернет

25-годишен кумановец доби две кривични пријави под сомнение дека извршил обљуба врз поранешната сопруга и дека објавувал експлицитни содржини од неа на социјалните мрежи.

Отсекот за компјутерски криминал и Отсекот за општ криминал при СВР Куманово поднесоа две кривични пријави против Л.А.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „полов напад и силување“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат, тој креирал профил на социјални мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга.