Кумановец ја претепал малолетната вонбрачна партнерка

Кривично ќе се гони млад кумановец кој физички ја нападнал својата партнерка која била малолетна, но и таткото на малолетничката бидејќи дозволил таа да живее во вонбрачна заедница. 

- СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“, додека против Е.А.(45) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „вонбрачен живот со дете“. На 25.06.2024 првопријавениот во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата малолетна вонбрачна сопруга, а второпријавениот, кој е татко на малолетничката, дозволил неговата малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со првопријавениот, информираа од полицијата.