Педесет и шестгодишен кумановец на државно земјиште изградил верски објект без одобрение за градење, соопшти денеска СВР Куманово.
Од полицијата информираат дека е поднесена кривична пријава против М.А.(56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
-Пријавениот, во текот на 2019 година на улицата „Доне Божинов“, како инвеститор и без правен основ самоволно заземал земјиште во државна сопственост, по што изградил верски објект без одобрение за градење издадено од надлежен орган, соопштија од СВР Куманово.