Кумановец избегал од затвор, полицијата го фати

Триесет и осумгодишен кумановец, бегалец од затвор, синоќа во 21:30 часот бил приведен од полициски службеници од СВР Куманово.

-С.С.(38) од Куманово бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „разбојништво“ по член 237 и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на шест години и пет месеци од казната, информираат денеска од МВР.

Лицето, како што се наведува во соопштението, ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната.