Културно- забавно лето во Охрид од денес па се до 21 август

Во организација на културолошката иницијатива „5 до 12“ ќе се одржи четвртото издание на културно-забавното лето во Охрид. Активностите ќе бидат распределени во периодот од денес,1 јули, па се до 12 август, известува Радио МОФ.

Пред неколку дена, иницијативата „5 до 12“ ја најави програмата за културно-забавното лето во Охрид преку прес-конференција. Охриѓани како и сите други млади луѓе ќе можат да го доживеат Охрид од поинаков агол со алтернативна програма на оваа иницијатива. Организаторите на настаните посакаа што е можно повеќе млади и талентирани луѓе да земат учество во културната програма за ова лето во Охрид.

Во најавените настани предвидено е летно кино со автомобили, музички спектакли, кафе на изгрејсонце, скејтбординг натперавар и многу други активности.