Kултурен комплекс во индустрискиот простор на фабриката „11 Октомври“

Пренамена на фабриката за автобуси „11 Октомври“ во голем културен комплекс со кино сали, театар, простор за танц и библиотека предлагаат студентките по архитектура на Хазра Мерџани и Кернаре Ологлу. Мерџани и Ологлу, студенти на Архитектонскиот факултет, проектот го работеа на тема архитектонско и програмско преобликување на фабриката во рамки предметот Архитектонско студио на факултетот.

Темата предлага своевидно оживување и освежување на овој индустриски простор и област во Скопје со нови културни и рекреативни содржини, пренеува design.mk.Во нивниот проект, Мерџани и Ологлу предлагаат задржување на постоечката индустриска конструкција на фабриката и нејзино збогатување со различни културни, но и комерцијални содржини како мали трговски единици, бар и ресторан. Надворешниот дел, пак, е замислено да биде опкружен со голем зелен парк и простори за рекреација и релаксација за граѓаните.Пренамена на фабриката за автобуси „11 Октомври“ во голем културен комплекс со кино сали, театар, простор за танц и библиотека предлагаат студентките по архитектура на Хазра Мерџани и Кернаре Ологлу. Мерџани и Ологлу, студенти на Архитектонскиот факултет, проектот го работеа на тема архитектонско и програмско преобликување на фабриката во рамки предметот Архитектонско студио на факултетот.

Темата предлага своевидно оживување и освежување на овој индустриски простор и област во Скопје со нови културни и рекреативни содржини. Во нивниот проект, Мерџани и Ологлу предлагаат задржување на постоечката индустриска конструкција на фабриката и нејзино збогатување со различни културни, но и комерцијални содржини како мали трговски единици, бар и ресторан. Надворешниот дел, пак, е замислено да биде опкружен со голем зелен парк и простори за рекреација и релаксација за граѓаните.