Културен информатор: Театар, кино,концерти ....Скопје неделава!

Понеделник 30.1.2017

МНТ

19.00/Мајсторот и Маргарита

Режисер: Иван Поповски
Мајсторот — Дејан Лилиќ
Маргарита — Драгана Костадиновска
Воланд/Афраниј — Никола Ристановски
Понтиј Пилат — Јордан Симонов/Алтернација-Гораст Цветковски
Иван Николаевич — Бездомни — Сашко Коцев
Каровјев — Оливер Митковски
Мачорот Ханс Бехемот — Петар Мирчевски
Азазело — Ѓорѓи Јолевски
Хела — Ана Стојановска и други

Вторник 31.1.2017

Драмски театра

20.00/ Буре-барут

МНТ

18.00/ Силјан штрок шанца

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ

Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Кореограф: Александра Кочовска – Начева

Улоги:
Силјан: Александар Михајловски
Божин: Нино Леви
Евда: Марија Новак/Магдалена Ризова – Черних
Велчо: Ивица Димитријевиќ
Силјаница: Нина Деан
Еснафот: Александар Ѓорѓиески/Славиша Кајевски
Духовникот: Висар Вишка
Клајк: Кире Ѓоревски
Клајковица: Ана Стојановска
Си Биле: Нина Деан
Сиве: Тина Трпкоска
Чуле: Ана Стојановска
Пијаницата: Кире Ѓоревски
Трпе: Никола Ацески

МОБ

20.00/Клеопатра балетски спектакл

Билетите се во продажба на Билетарница на МОБ 02/ 3118 451, ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат и онлајн на www.mob.mk и www.karti.com.mk.

Светска премиера / World premiere
25 години уметничка дејност на Александра Мијалкова – Примабалерина

Среда 1.2.2017

Club Avenue

23.58/Караоке со Ненад Ѓоргиевски

Драмски театар

Продолжува на наредната страна.......

 

Четврток 2.2.2017

Public Room

21.30/Вечера и смеење до солзи

Стенд – ап шоу со Ивана Наскова, уредник, автор и водител на тв-шоуто „На шанк” на „Алфа” телевизија и поранешен радио водител на „Канал 77”.Времиња во кои „човек да не знае дали да пие чај или да се обеси” Или, да го „собере” своето омилено друштво и да го донесе на мезе и вино во простор полн позитивна енергија!

Влез слободен,
бидејќи луѓето се најубави кога се смеат!

МКЦ Клуб & Ресторан

22.00/The Beatles by Two Generations

Tribute performance by Two Generations…

Marko Chvarko – клавијатури и вокал
Kristijan Ginoski – гитара и вокал
Darko Medarski – гитара и вокал
Дејан Митровић – бас гитара и вокал
Elena Cadikovska – тапани и вокал

Влезници на врата – 100 ден.

С26

23.00/ CSPS Ensemblе

CSPS Ensemble
Промоција на албумот “On the Face Place”

Kiril Kuzmanov (sax)
Kiril Tufekchievski (bass)
Ivan Ivanov (sax)
Ratko Dautovski (percussion)
Trajče Velkov (truba)
Dave Wilson (sax)
Bojan Petkov Shamba (gitara)

Петок 3.2.2017

Gnezdo Kitchen Bar

17.00 афтерворк забава

Забавата продолжува и овој петок. Заедно да го започнеме викендот со Beni & Non Stop (Official), ДиЏеј Брик и Вашето омилено гнездо, Гнездо Кујна Бар. Телефони за резервации 078/306-010 и 02/3212-830, или преку порака на нашата фб страна. Повелете, Ве очекуваме.

Public Room

16.00/ Lucky Friday 

Вино, мезе, дружење, муабети, боса нова звуци ~
Вашата омилена сорта вино од Bovin, Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%

Резервирајте си место за вашето друштво на 02 6092650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/lucky-friday-wxbUv.

Кинотека на Македонија

20.00/ Skopje Cinema City – Загревање

Skopje Cinema City веќе познатиот фестивал за музички документарни филмови на кој што се прикажуваат бројни филмови од различни продукции вклучувајќи ја и домашната, се враќа со загревање пред почетокот на третото продолжение.

“Загревање” е настан во рамките на кој што фестивалот, веќе традиционално во февруари, репризира дел од филмовите од претходното издание.

На 3ти и 4ти февруари оваа година, во Кинотека на Македонија ќе имате можност да погледнете филмови чии проекции беа дел од вториот филмски фестивал. Ќе бидат прикажани филмови за култните двигатели во музичката индустрија како Robert Plant, Leonard Cohen, Pink Floyd и Joy Division.
Покрај нив, премиерно ќе биде прикажан и краткиот филм за Љубојна,„Радио Љубојна“.

Цена на билет: 50 денари, за подетална програма во линкот погоре.

Метрополис Арена

20.00/Paul Van Dyk

Line Up за Paul Van Dyk:
– врати – 20:00
– Local DJ – 20:30 – 22:00
– Local DJ – 22:00 – 23:30
– Chris Bekker – 23:30 – 00:50
– Paul Van Dyk – 01:00
– Local DJ

Билет: 450 денари преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com

Сабота 4.2.2017

МКЦ

19.00/Земјотрес #5: Фестивал на независна музика

Земјотрес е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи. Инициран од Sixtynine Records, Направи Заедно и ПМГ Рекордингс, тоа е потполно отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашата алтернативна сцена. Токму таа сцена е единствената во Македонија која музиката ја сфаќа и третира како уметност и наше богатство. Ако ова ви се чини разумно и интересно, приклучете се на Земјотрес.
И оваа година како и минатите, освен музичката програма која ќе се одвива на три стејџови, во холот на МКЦ ќе бидат поставени и изданијата на дискографските куќи како и промотивните материјали на бендовите.

LINE-UP 2017:
AleXanDeR (Barbarella Барбарела)
Бојан Петков Трио
Btkrsh DJ’s
Culture Development
Defect 13th
Fierce
Fonija
Krist krst
Leitmotif
Милко/Millko
Mooger Fooger и многу други.

Цена на влезница: 150 ден. | На врата: 200 ден.ВАЖНО: Влезници во ограничен број во продажба од 16-ти јануари на билетара на МКЦ.

МОБ

20.00/Schubert, Winterreise with Blagoj Nacoski

Franz Schubert
(1797-1828)
WINTERREISE
op.89 D.911
Lyrics: Wilchelm Müller

Благој Нацески тенор и Дино Имери пијано.

Public Room

22.00/Сабота

Саботна свирка на South Park во состав: Светлана Јовановска- вокал, Виктор Николовски- вокал и бас, Благојче Пенов – тапани, Зоран Костадиновски -водечка гитара и Горјан Стојменовски – ритам гитара.

Резервирајте си место за вашето друштво…
https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/saturday-public-room-tq8lH

Недела 5.2.2017

Public Room

11.00/Social Sunday

Поминете убаво и безгрижно социјално попладне со вашето семејство користејќи ја можноста за бесплатна анимација за најмладите краетивци со дрвените играчки од програмата на Melissa & Doug. Децата на возраст од 2 до 4 години ќе бидат воодушевени да научат како се подготвува појадок, како се отвораат и затвораат патенти, копчиња, рајбери…
Децата од 5 до 7 годиишна возраст ќе можат да ја развиваат сопствената слика со колекции на стикери и печати.

А родителите може да уживаат на каучите од прогрмата на „Просторија” и „Фејдом”.

Сите учесници се дел од наградна игра на која ќе можат да освојат дрвена играчка од прогрмата на Melissa & Doug!

air max 90 essential sale